Инфо ден за програмата Еразмус плус во Крива Паланка

Во Крива Паланка денеска се држа инфо ден за програмата Еразмус плус во рамки на промотивната кампања на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Кампањата има за цел зголемување на видливоста на работата на Агенцијата, презентација на добри практики од успешно спроведени проекти, како и презентирање на можностите отворени за Република Македонија преку целосното учество во програмата Еразмус плус.
- Националната агенција во периодов спроведува информативни денови кои се отворени за широката јавност со цел што повеќе институции да се вклучат во најглолемата европска програма за образование, обука, млади и спорт, програмата Еразмус плус. Во рамки на оваа кампања која што ја спроведуваме во пресрет на новиот повик за 2017 година ги промовираме и европските иницијативи со кои што Националната агенција управува како на пример иницијативите Еуропас, Еурогајденс, еТвининг и други, изјави Дарко Димитров, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Тој потенцира дека Општина Крива Паланка веќе има искуство во искористување на средства од програмата.
- Основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ доби грант годинава и очекуваме преку нивното искуство да се охрабрат и други институции од областа на образованието, обуката и млади во регионот да аплицираат на следните повици во Еразмус плус, дополни Димитров.
Во рамки на оваа кампања предвидени се шест инфо денови за програмата Еразмус плус, во Скопје, Штип, Битола, Дојран, Крива Паланка и Струга, а ќе се одржи и валоризациона конференција со презентации на успешни проекти од програмата Еразмус плус во 2016 година.
Кон крајот на 2016 година Агенцијата ќе спроведува и структурирани обуки кои ќе бидат отворени за сите заинтересирани во чии рамки учесниците ќе можат да се стекнат со практична обука за аплицирање во програмата Еразмус плус.
По повод 20 години постоење на ЕУ во рамки на оваа кампања ќе се организираат и обуки за волонтери кои се дел од Еразмус плус проектите, а на 5-ти декември во Скопје ќе се реализира и годишен настан посветен на европскиот волонтерскиот сервис.
Ново на Сител
-

ЦУК: Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни
-

Ѓорѓиевски: Со пуштање на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ и Градскиот воз, Скопје ќе добие поефикасен и побрз сообраќај
-

Ѓорѓиевски: Наскоро тендер за целосно сервисирање на жичницата, остранувањето на дивоградбите продолжува
-

Оперативна акција Global Chain за сузбивање на трговија со луѓе: Откриени три кривични дела и 49 прекршоци во нашата држава
-

Трамп: Или ќе биде постигнат договор со Иран или САД ќе ја довршат работата
-

Јаневска: Околу 30 ученици испратени на меѓународни научни олимпијади без грижа за трошоци
-

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари
-

Трамп: Решавањето на украинскиот конфликт е поблиску отколку што мислат луѓето
