-->
-->
Отворен 7-от „Фестивал на медот“ во Прилеп
-->

Во Прилеп денеска е отворен 7-от по ред „Фестивал на медот“, на кој до 8. октомври ќе го изложуваат своето производство на мед и пчелни производи 20-ина производители од неколку градови.
Според претседателот на прилепското здружение на пчелари „Братство“ Дејан Бошкоски, целта на фестивалот е да се претстават големите предности на пчелните производи во исхраната.
- Многу е битно да ги потсетиме граѓаните и да им објасниме колку се големи хранливите, но и лековитите својства на медот и на пчелните производи за нивната употреба да се зголеми во исхраната. Инаку во прилепскиот регион се регистрирани околу 150 пчелари. Годинава, поради климатските промени, е многу послаба во производството на медот и се движи од еден до два килограми мед од едно пчелно семејство, за разлика од минатите години кога беше 10-ина килограми од пчелно семејство. медот го пласираме на домашните пазари, вели Бошкоски.
За градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, производството и пласманот на медот имаат значителна улога во локалната економија.
- Локалната самоуправа има одлична соработка со прилепските медари. производството на мед има значителен удел во локалната економија зашто голем е бројот на семејствата кои одгледуваат пчели и живеат од производството на мед. Фестивалот е уште една голема прилика и пред младите, посебно пред децата, зашто ова е и недела на детето, да се претстави овој производ кој треба да биде задолжителен во исхраната на децата со уште поголема стапка, вели Ристески.
Денешното пригодно отворање на фестивалот беше збогатено со програма на децата од прилепските градинки и со настапот на плоштадот на КУД „Мирче Ацев“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведени 22 возачи за „безобѕирно управување возило“, 13 возеле без положен возачки испит
-

Артилериска граната пронајдена кај битолското село Меџитлија
-

Трамп: САД и Иран постигнаа договор вчера, Техеран го прекрши со нов напад
-

Сиљановска Давкова: Галичка свадба привлекува сѐ повеќе посетители од земјата и од странство, останувајќи еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет
-

СП 2026: За Белингем најважно е да остане позитивна атмосфера
-

Приведен 16-годишник кој со нож избодел две години помладо момче
-

МВР: Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Шар Планина
-

УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
