ЦУК: Предложени мерки за прифатен пункт за мигрантите

Главниот штаб за управување со кризи на денешниот состанок донел предлог - мерки кои треба да се преземат, пред се во делот на обезбедување на основните предуслови за оспособување на локацијата која е предвидена да биде прифатен пункт за мигрантите.
Тема на третата седница на Главниот штаб за управување со кризи, како што соопшти Центарот за управување со кризи била кризната состојба во делот на јужната и северната граница на земјава.
- На состанокот освен што беше разгледан текот на досегашните активности на институциите кои се дел од Системот за управување со кризи, беа донесени и предлог мерки кои треба да се преземат во наредниот период, пред се во делот на обезбедување на основните предуслови (вода, електроснабдување, инфраструктура и здравствена заштита) за оспособување на локацијата која е предвидена да биде прифатен пункт за мигрантите, се наведува во соопштението од ЦУК.
По завршувањето на состанокот, директорката на ЦУК, Сузана Салиу се упати кон јужната граница на земјата за да направи увид на активностите кои се спроведуваат на терен, согласно „Акциониот план за превенција и справување со зголемен транзит на мигранти низ територијата на Република Македонија“, донесен од страна на Главниот Штаб при ЦУК.
Салиу ќе оствари и средба со градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов.
Ново на Сител
-

Почна гласањето за „Приказната за Силјан“: Филмот на Тамара Котевска во трка за престижно меѓународно признание
-

Кучето Ози – новиот светски рекордер со најдолг јазик
-

Природонаучниот музеј - Скопје ќе се модернизира и дигитално збогатува
-

Град Скопје: Фокус е враќање на достоинствениот изглед на централното градско подрачје
-

Главен уредник на голема турска телевизија приведен во истрага за дрога
-

Приведен 30-годишник, при претрес на неговиот дом најдени се автоматска пушка, куршуми и дрога | ФОТО
-

Приведено лицето кое насилно упадна во студиото на „Инфомакс“, веднаш по добиената пријава
-

Нова номинација за македонскиот филм „Силјан“ - за продуцент/и на документарен филм, на престижните „ПГА“ награди
