-->
-->
Унгарците на референдум за квотите за мигранти
-->
Жителите на Унгарија од утрово гласаат на референдум на кој се изјаснуваат за обврзувачките квоти на Европската унија за прифаќање мигранти.
Прашањето на референдумот гласи – Дали се согласувате со тоа ЕУ да може да воведе обврзувачко населување неунгарски жители во Унгарија дури и без одобрение на Парламентот?
За да биде важечки референдумот, мора да гласаат најмалку 50 отсто плус еден од вкупно 8,27 милиони гласачи.
Голем број аналитичари се со став дека граѓаните ќе ги отфрлат квотите, а на таков исход се надева и премиерот Виктор Орбан. Лани низ Унгарија минаа речиси 400 илјади мигранти кои продолжија кон Западна Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје