Дебата „Развојот на демократските институции и човековите права во ЈИЕ и улогата на ОБСЕ“
ЕУ интеграцијата се покажа како поттик за неверојатна ефективност во одржување на напредокот кој што беше постигнат во Западен Балкан изминативе две децении. Овој регион бара внимание од меѓународната заедница и заслужува да биде охрабрен дека ЕУ-перспективите се уште се живи.
Ова го истакна Роберто Батели потпретседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа на дебата насловена „Развојот на демократските институции и човековите права во ЈИЕ и улогата на ОБСЕ“ во рамки на Есенската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, која се одржува во Скопје.
Кога се проценува напредокот во регионот, нагласи тој, не смее да се заборави дека факторите како мигрантската и бегалската криза, глобалниот економски пад, радикализацијата на младите и прашањето за странските терористички борци и други конфликти агенди на глчавните актери го надополнија товарот кој што го носи овој регион.
- Не смее да се заборави дека Западниот Балкан само што ја доживеа најголемата миграциска криза уште од 1945 година. Ова само по себе сведочи за предизвиците со кои се соочува регионот. Напредокот не може да се одржи ниту пак може да биде цементиран доколку ЕУ - перспективата се разводни или регионално се гледа како разнишана. Според мене, уназадувањето кое што го гледаме е симптоматично за овој увид. Сметам дека Самитот за ЗБ одржан во Париз на 3 и 4 јули беше насочен токму кон охрабрување на регионот дека перспективата за ЕУ интеграција сеуште е жива и покрај Брегзит. Тоа ни е потребно за да се избегне регионално назадување, оцени Батели.
Тој нагласи дека регионот неизбежно ќе се соочува и понатаму со внатрешни и надворешни предизвици, вклучувајќи ја и бегалската и миграциската криза, радикализацијата и ширењето на странските терористички борци, ранливост во функционирањето на демократските институции, поларизирана политичка околина и етничка поделба, но како ПС на ОБСЕ со увидот во состојбите ќе имаат подобра претстава каде стоиме за да ја максимизираат ефективноста на нивниот одговор и поддршка.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?