Откриени 12 килограми марихуана на граничниот премин Блато
На граничниот премин Блато во возило марка „мерцедес“ на албански државјанин откриени се 12 килограми марихуана.
Дрогата е пронајдена вчера кога 33.-годишниот З.Л. околу 13:40 часот се пријавил за влез во Република Македонија. Марихуаната била спакувана во 23 пакувања залепени со најлонска и алуминиумска фолија и облепени со селопејп лента, сместени во левиот и десниот праг од возилото.
Албанскиот државјанин откако видел дека царинскиот службеник го демонтира прагот на возилото, избегал кон територијата на Албанија, но е приведен по еден час потрага која е реализирана во соработка со албанските погранични власти.
По документирањето на целиот случај и прибирањето на сите материјални докази, Царината соопшти дека ќе биде поднесена кривична пријава против З.Л. за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекрусори“.
Ново на Сител
-
Протест пред зградата на РТС во Белград: Студентите залудно бараа вклучување во програмата
-
Во Братислава 60.000 луѓе протестираа со барање за оставка на Фицо
-
Лоши вести за Баерн, повредата на Дејвис е посериозна од очекуваното
-
Белград: На осомничената која удри девојка со автомобил и е одреден притвор до 48 часа
-
Ја заслужуваш титулата пријателе - Ѓоковиќ ќе навива за Зверев во финалето на Австралија Опен
-
Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
-
Путин: Не одбивме комуникација со Вашингтон, подготвени сме за разговори со Трамп
-
Инцидент во Нов Белград: Со автомобил влетала во насобраните граѓани и удрила студентка