Уличните мачки - проблем за балансот во животната средина
Ако некогаш сте се запрашале зошто некои домашни мачки имаат ѕвонче на ременот, тоа е затоа што мачките се напасници, и тоа бесшумни, па така би се избегнал каков било ненадеен напад.
Според неодамна објавеното истражување, мачките и другите слични инвазивни цицачи се огромен фактор во рамнотежата во животната околина, пишува порталот „Фреш Сајанс“.
Австралискиот еколог Тим Доерти и неговите колеги постојано ја следат „Црвената книга за загрозени видови“, за да воочат кои видови го предизвикуваат исчезнувањето на други. Тука, освен глодарите, секако, спаѓаат и мачките и кучињата, па дури и оние домашните, кои се „припитомени“.
- Вкупно 596 загрозени и 142 исчезнати видови трпат негативен ефект од 30 видови грабливци, рече Доерти.
Според истражувачите, инвазивните грабливци имаат најголем удел во изумирањето на загрозените видови, оти се одговорни за исчезнувањто на 58 отсто од птиците, цицачите и влекачите. Тој број би можел и да порасне, бидејќи моментно 23 видови се сметаат за „веројатно исчезнати“.
Мачките се ловци по природа. Тие ловат и кога немаат потреба од храна, па често го убиваат пленот без да го изедат. Секој кој поседува вакво милениче бил сведок на тоа.
Сепак, дали ременот со ѕвонче е решение? Повеќето мачки можат и покрај тоа да развијат вештини на доволна брзина и бесшумност при ловот. Многу сопственици наместо тоа употребуват светлечки каивчиња.
На крајот на краиштата, се чини најдоброто решение е да ги чуваме нашите домашни миленици дома и, при изнесувањата надвор да обрнуваме повеќе внимание на нив, препорачуваат познавачите.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни два пожара, три под контрола
-
На ГП „Табановце“ се чека околу 15 минути, на останатите премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Вучиќ: Нема да има граѓанска војна во Србија
-
Сончево и топло со локална облачност
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба