-->
-->
МЗТ Скопје од утре ги пушта во продажба билетите за дуелот со Партизан
-->
Кошаркарскиот шампион на Македонија МЗТ Скопје Аеродром преку својата интернет страница информира дека од утре (27.септември) ќе почне продажбата на билетите за првиот домашен натпревар сезонава во АБА-лигата и тоа против белградски Партизан, закажан за 4.октомври (вторник) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17 часот во рамки на 2. коло од регионалното натпреварување.
Драгоценото парче хартија за официјалното претставување на новиот тим на „металците“ пред домашната јавност ќе чини 100 (сто) денари и истото ќе може да се купи на билетарницата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и он-лајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.
Претходно, на стартот од АБА-лигата, избраниците на новиот тренер Емил Рајковиќ на 30.септември (петок) ќе му гостуваат на актуелниот шампион во оваа конкуренција, белградска Црвена звезда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Опожарени викендица и овоштарник во Идризово
-
Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка
-
Рубио: Зеленски треба да се извини
-
Реакции на европските лидери по прекинатата средба Трамп - Зеленски
-
Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш
-
Променливо облачно со повремен локален дожд
-
Почнува Рамазанскиот пост
-
Дел од Општина Илинден без струја