Подрачното основно училиште во Хром почна со работа
Подрачното општинско основно училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром, во општина Ѓорче Петров, денеска и официјално почна со работа. Училиштето во изминатите 14 месеци беше целосно реконструирано, доградено, опремено и оспособено во него да се одвива настава за учениците од прво до петто одделение.
На првиот училишен час присуствуваа градоначалникот Сокол Митровски, преставници од општината и Советот на општината Ѓорче Петров кои ги поздравија учениците и им посака успешна училишна година во новите простории на училиштето.
Новото училиште, како што истакна градоначалникот Митровски, ќе им овозможи многу подобри услови за настава на учениците, а потребата да се изгради, како што рече, беше неминовна за жителите на населбата Хром.
- Изградбата на училиштето е резултат на напорната, посветена и континуирана работа на Министерството за образование и наука и општина Ѓорче Петров. Новиот објект на подрачното училиште во Хром е комплетно завршен и опремен, порача градоначалникот Митровски.
Ново на Сител
-
МВР: Апел до граѓаните да внимаваат на лажни е-пораки – фишинг линкови
-
Најмногу дожд во Струмица
-
ДЗР: Од 34 општини со седиште во град, ГУП-овите на 22 не го исполнуваат стандардот за озеленетост од 25 м2 по глава на жител
-
Министерката Јаневска ќе се обрати на Самитот Македонија 2025 на панелот посветен на образованието на иднината
-
Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници
-
Без струја делови од Кисела Вода и Сарај
-
Членовите на АФЕТ ќе гласаат по извештаите за Црна Гора и Молдавија
-
Антетокумпо подготвен да ги напушти Милвоки Бакс