Свет
22. September 2016 - 8:37

Столтенберг и Лавров се договорија за продолжување на соработката

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров се договорил за продолжување на дијалогот за подобрување на транспарентноста во воената сфера. 

- Тоа беше еден добар и искрен состанок. Разговаравме за широк спектар прашања, за кризите во Сирија и Украина Така што состанокот беше корисен и се согласивме да го продолжиме дијалогот за подобрување на транспарентноста во воената сфера, изјави Столтенберг по состанокот со Лавров, јавија руски медиуми.

Тон нагласи дека на средбата станало збор и за проблемите во врска со користењето на воени авиони во Балтичкото и во Црното Море и на териториите во близина на границите на НАТО.