-->
-->
Заменик-гувернерот на Измир приведен под сомнеж за поврзаност со Ѓулен
-->
Заменикот на гувернерот на Измир, Мехмет Суат Илхан е уапсен врз основа на потерницата издадена во рамките на истрагата околу „Терористичка организација на Фетулах Ѓулен“ (ФЕТО), јави денеска електронското издание на турскиот весник „Џумхуриет".
Илхан, кој претходно беше отстранет од својата функција, е приведен од полицијата пред Судската палата во Измир, а потоа предаден на екипи задолжени за борба против тероризмот.
Другиот заменик-гувернер на Измир, Уфук Сечилмиш, како и околискиот управител на Мендерес, Ахмет Уфук Хасчакал, се исто така приведени, но по распитот се пуштени на слобода.
Според турските власти, т.н. ФЕТО на проповедникот Фетхулах Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД од 1999, стои зад обидот за преврат од 15 јули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија