Формирана работна група за границите на изборните единици
На денешниот координативен состанок на претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи е формирана работна група за измени и дополнувања на Изборниот законик во делот на промена на границите на избирачките единици.
Со работната група ќе раководи пратеникот од ДУИ Рафиз Алити, а нејзини членови ќе бидат потпретседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи. Алити, по средбата денеска изјави дека, рокот што тие си го дале за прва верзија на измените е наредниот понеделник.
Иницијативата за промена на границите на изборните единици е на ДУИ, кои до пратеничките групи доставиле две драфт верзии на измените на Изборниот законик.
Алити изјави дека со овој дисбаланс што го има во изборните единици се крши законот.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски рече дека не сака да навлегува во детали бидејќи се уште драфт верзиите се во процес на разгледување.
- Само Изборната единица 6 е надвор од прагот којшто е дозволен со Изборниот законик и тоа за илијада до две илјади гласачи. Се надевам дека таа симболична ситуација ќе биде со разум разрешена во Собрание и дека партиите тие гласачи да ги злоупотребуваат во процес во којшто треба да учествуваат 1.800.000 гласачи, рече Димовски.
Според Имер Алиу од ДПА од сегашните 5 прагот на толеранција на бројот на гласачи меѓу изборни единици да се спушти на +/- 1 отсто и да се прекројат сите изборни единици. Формирањето на работната група, според него, е само да се добие во време.
Од СДСМ информираат дека се воздржуваат од коментар додека не го видат текстот на предлогот на измените што очекува да биде изготвен од страна на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, но ќе учествуваат на работната група.
Изборниот законик предвидува бројот на запишаните гласачи во шесте изборни региони во Македонија да не отстапува повеќе од пет проценти. Според последните податоци на ДИК, во Шестата изборна единица запишани се 310.721 гласач и има отстапување од 5,28 отсто.
Ново на Сител
-
ЈП Водовод и канализација: Постигнато е нивото на редовно водоснабдување, но поради преголема потрошувачка во Чаир мрежата се празни пребрзо
-
Виткоф му одговара на Хамас дека нивните барања се „целосно неприфатливи“
-
Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони
-
Илон Маск: Не земам дрога
-
Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици
-
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради трка со велосипеди, тротинети