-->
-->
Изградба на канализациска мрежа во Кривопаланечките населби Бојанов Дол и Баглак
-->

Во Крива Плаанка започна реалзиацијата на проектот „Фекална канализација Бојанов Дол“ кој опфаќа изградба на канализационата мрежа во населбата Бојанов Дол и населбите Баглак 1 и Баглак 2, лоцирани на десниот брег на Крива Река.
Истиот е финансиран со средства од Европската банка за обнова и развој и Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.
- Со проектот ќе се изгради фекална канализација за жителите на улиците „Баглачка“, „Македонска“ и „Ратко Минев“ кои што поради својата висинска разлика гравитираат кон Бојанов Дол и не може да бидат опфатени со канализационата мрежа на соодветните улици. Со овој проект ќе биде опфатен и делот од населбата „Донкина Нива“ која што е надвор од урбаната зона, но која што по својот интензитет на ширење и градба веќе прераснува во урбана зона, информира Никола Граматиков, раководител на Одделението за изградба и одржување при општина Крива Паланка.
Во канализациската мрежа ќе бидат опфатени околу 100 домаќинства со околу 400 жители.
- Целиот овој простор има можности за дополнителна градба и населување што е земено во предвид во проектирањето. Населбата има усвоен детален урбанистички план, меѓутоа истиот е од пред дваесетина години освен за делот од „Донкина нива“ кој се уште е надвор од градежната зона. Овој реон е приклучен кон водоснабдителниот систем од градскиот водовод пред дваесетина години. Со главниот проект треба да се даде решение за фекална канализација на дел од оваа населба, а за преостанатиот дел од населбата има изградено фекална канализација, со што целата населба ќе добие квалитетни услови за живеење, додаде Граматиков. ид/сст/13:37
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани
-

Атлетико Мадрид доби нови сопственици
-

Во украинската корупциска афера вмешан и соработник на Зеленски
-

Роналдо: СП2026 ќе биде мое последно, а ќе играм уште година, две
-

Лавров: Русија ќе тестира нуклеарно оружје, ако и другите нуклеарни сили вршат нуклеарни проби
-

На секои 10 следбеници собира една ќеса ѓубре | Филип Ѓорѓиев „Ќеса на 10“ | Sitel Podcast 123
-

Претседател на Чешка: Еднаш ќе мора да собориме некој руски авион
-

Алиу за случајот со почината пациентка: ДСЗИ е веќе на терен, денеска ќе потпишам да се формира стручната комисија
