-->
-->
МЗТ Скопје со нови ривали во Еврокупот
-->
Неколкуте откажани екипи и желбата да не се спушта критериумот за квалитет при барањето нивни замени ги натера челниците на кошаркарскиот Еврокуп да направаат измени во групната фаза од ова натпреварување, кои го вклучуваат и МЗТ Скопје Аеродром кој наместо во групата Ц ќе игра во групата А со екипите на Лиеткабелис (Литванија), Нижни Новгород (Русија), Гран Канарија (Шпанија) и хрватска Цедевита.
Со новите промени, секоја од четирите групи ќе има по пет екипи, од кои во втората фаза ќе се пласираат по четири, што автоматски остава поголем простор за надеж дека македонскиот шампион ќе може да влезе во Топ 16-фазата.
Негативна страна на префрлањето од групата Ц е губењето можност во овој сегмент да се одмерат силите со еден Баерн Минхен. Но, голем плус на новото позиционирање е што публиката во „Јане Сандански“ ќе може во живо да го види поранешниот репрезентативец и херој на четвртата селекција на ЕП 2011, Лестер Бо Мекејлеб. Тој е сега член на Гран Канарија, која според новиот распоред на 9 ноември ќе гостува во Скопје.
Промените во групите доаѓа по откажувањето на Партизан, АЕК, Зиелена Гора и Динамо Волгоград, кои потпаднаа под притисокот на ФИБА. Постоеше можност за поканување нови тимови, меѓу кои беше и српски ФМП, но конечната одлука е да се продолжи со 20 учесника.
Распоред на натпреварите на македонскиот шампион:
12 октомври (1.коло): Лиеткабелис - МЗТ Скопје Аеродром
19 октомври (2. коло): МЗТ Скопје Аеродром е слободен
26 октомври (3. коло): МЗТ Скопје Аеродром – Цедевита
2 ноември (4. коло): Нижни Новгород - МЗТ Скопје Аеродром
9 ноември (5. коло): МЗТ Скопје Аеродром – Гран Канарија
16 ноември (6. коло): МЗТ Скопје Аеродром – Лиеткабелис
23 ноември (7. коло): МЗТ Скопје Аеродром е слободен
30 ноември (8. коло): Цедевита - МЗТ Скопје Аеродром
7 декември (9. коло): МЗТ Скопје Аеродром – Нижни Новгород
14 декември (10. коло): Гран Канарија - МЗТ Скопје Аеродром.
фото: www.mztskopjeaerodrom.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
-
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување
-
Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат