-->
-->
Спиел со бившата професорка од факултет: Таа има семејство а тој се заљубил до уши во нејзе!
-->

Oва момче спиелo со неговата поранешна професорка од факултет. Сега се прашува што да прави бидејќи се заљубил во нејзе.
- Јас имам 27 години, таа е постара од мене 10 години. Прекрасна жена, но морам да признаам дека не ја гледав на тој начин претходно. Се сретнавме во град пред еден месец и зборувавме малку. Она кога ќе сретнеш професор па прашуваш што има ново, како е на факултет, каде си се вработил итн. Ништо посебно, нормално тогаш ништо не се случи, но се случи по две недели - раскажува ова момче.
Тој бил излезен со неговото друштво кога повторно ја сретнал професорката.
- Ништо, повторно зборувавме, но како што пиевме бевме се поопуштени. Бевме прилично пијани и се поблиску еден до друг. Така пијан ја бакнав, не ни размислував. Кој би размислувал после толку алкохол. Најбитно од се е што таа не ме отргна, туку се приближи до мене уште повеќе. Беше брутално и напнато бидејќи некогаш ми беше професорка. Завршивме кај мене дома - објаснува момчето.
Според неговите зборови тоа била неговата најубава ноќ во животот.
- Поискусна е од мене и знае што треба, а мене се тоа ми се допаѓаше. Бев толку среќен што не можам да опишам. Но на секоја радост и доаѓа крај. Ми кажа дека има маж и деца па веднаш настана проблем. Што можев да очекувам, жената има 37 години и големи се шансите да има некој но уште и деца.
Вели дека се му е необјасниво, но дека после ноќта помината со професорката луд е по нејзе.
- Размислувам само за нејзе. Се слушнавме после тоа ми рече дека сум и многу драг и дека доколку нема семејство кој знае што би се случило. И дека ова никогаш не го направила претходно. Да спие со некој а да е во брак. Што да правам? Не можам до нејзе, а ми се допаѓа страшно? Заљубен сум до уши. Сега се мачам само секојдневно, бидејќи сум немоќен. Знам дека тие работи поминуваат, но стварно е посебна - завршило момчето.
://net.hr
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонските кикбоксери блеснаа во Вараждин: 15 медали на ВАКО Европскиот куп и 4 медали на купот за почетници
-

Пожар во индустриска зона во ОАЕ по напад со дрон од иранско производство
-

Сиљановска-Давкова на панел со Макрон и Мелони: Европската интеграција на Западен Балкан е предуслов за ефикасна борба против трговијата со дрога
-

Муцунски: Во тек разговори со земји членки на ЕУ за летните гранични метежи
-

Владата ја почна кампањата „Мај - месец на Европа“ во соработка со европските партнери
-

Јаневска: Испративме допис до училиштата на големите и малите одмори да има дежурен наставник
-

Станков: Кај 33 жртви од „Пулс“ пронајден цијанид – но не е причина за смртта
-

Чупиќ: Во оваа сала е многу тешко да се игра, сите не почитуваат
