Бизнис
12. September 2016 - 19:49

Странските туристи спијат по хотели, домашните изнајмуваат соби

Бројот туристи во јули се зголемил за 8,3% на годишно ниво, а во периодот јануари – јули во однос на истиот период лани за 8,5.

Најновата статистика покажува дека раст има и кај странски и кај домашните туристи. Во јули бројот на  туристите од странство бил над 60 илјади што е за 10,7% повеќе од истиот месец лани.

Убедливо најбројни се Турците, близу 17 илјади , по што следат Србите со 7,7 илјади, Холанѓаните со 4,4 илјади, а по нив се бугарските, полските, белгсиските, австралиските и други туристи.

Силен пораст на странските туристи континунирано се регистира веќе неколку години заради бројните мерки за промоција на Македонија, велат од Стопанската комора за туризам.

Покрај охрабрувачките бројки, Пејоска напоменува дека треба да анализира зошто во јули е забележан пад 0,4% кај ноќевањата на домашните туристи и да се одговори со соодветна понуда за нив.

Најголем број од домашните туристи, над 34 илјади, во јули се сместиле во куќи, станови и соби за издавање, а најголем број од странските, над 27 илјади, во хотели со четири ѕвезди.