Светски ден на Првата помош
Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст на територија на град Скопје, традиционално и оваа година ќе одбележат Светскиот ден на Првата помош.
Одбележувањето кое го организираат во соработка и со поддршка на СВР Скопје, ќе биде со изведување показна вежба за правилно укажување на прва помош на неколку локации во Скопје, односно пред ТЦ Бисер, пред порта Македонија и спроти ТЦ Мавровка (Бит пазар).
Ќе бидат симулирани повреди, а возачите на моторни возила кои ќе бидат сопрени од страна на овластено лице на СВР Скопје треба правилно да ги санираат. За сите кои правилно ќе укажат Прва помош предвидени се награди, а оние кои немаат доволно знаење, ќе бидат едуцирани од волонтерите на Црвениот крст обучени за правилно укажување прва помош.
Преку оваа активност, Црвениот крст уште еднаш ја нагласува потребата од навремено и правилно укажување Прва помош како вештина која спасува живот и треба да биде совладана од сите, без разлика на возраста.
Ново на Сител
-
Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел