Свет
8. September 2016 - 21:58

Верхофстат преговарач на ЕП за брегзит

Претсетаделот на Сојузот на либерали и деморкати за Европа во Европскиот парламент, Ги Верхофстат е именуван денеска за главен преговарач на ЕП за излегувањето на Британија од Европската унија.

Верхофстат кој е поранешен белгиски прмеиер, наведе на Твитер дека му е „чест“ што е именуван да води преговори за Брегзит во име на ЕП кои ќе имаат централна улога кога е во прашње Член 50 од Лисабонскиот договор.

Верхофстат вршеше притисок врз Лондон веднаш да го активира механизмот за напшуштање на ЕУ, односно Членот 50 од Лисабонскиот договор.

Тој е трет во тимот на ЕУ за напуштањето на Британија, откако за преговарач на ЕК е избран Мишел Барние и претставникот на ЕС, Белгијанецот Дидие Сеус.