Фатен Грк, со фалсификувани евра пазарел во Македонија

Вчера околу 2 часот изутрината на граничниот премин „Богородица“ на излез од Македонија при извршена проверка на ПМВ „Цитроен Саксо“ со грчки национални ознаки, а управувано од В.К. (42) грчки државјанин утврдено е дека вин бројот на возилото е фалсификуван, додека кај лицето биле пронајдени и шест банкноти од по 50 евра со ист сериски број.
Тој предходно со фалсификувана банкнота извршил наплата за точено гориво на бензиска пумпа во близина на граничниот премин. В.К. е приведен во ПС Гевгелија извршен е разговор и од страна на РЦ за ГР Југ поднесена е кривична пријава до ОЈО во Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „фалсификување пари“, а од страна на судија на предходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
