Пороен дожд и грмежи во повеќе делови од државата

Од попладневните часови на повеќе места во Македонија преовладува нестабилно време со пороен дожд и грмежи. На места се забележани поинтензивни процеси со поголема количина наврнат воден талог, силен ветер и појава на град.
Управата за хидрометеролошки работи соопшти дека интензивен пороен дожд имало во населените места на Маврово, Гостивар, а најинтензивни процеси имало во Прилеп каде околу 14 часот за половина час наврнале 20л/м2 дожд, а во текот на пет минути на метеоролошката станица врнело град.
- Можна појава врнежи од град има и на други места, претежно во планинските подрачја според радарските слики од радарскиот центар Тополчани. Засилен ветер со удари од 70км/час имаше во Штип, а засилен ветер имаше и во Прилеп и Струмица. Стабилно беше во северниот и во поголем дел од јужниот дел од Повардарието.
Во овие моменти на повеќе места сеуште има врнежи од дожд кои се со слаб до умерен интензитет.
Нестабилно со дожд и грмежи е во Охридско-Преспанскиот регион, помеѓу Гевгелија и Валандово, во Кумановско, во крајниот источен дел од Скопската котлина, односно од Илинден кон Петровец, а поизразена нестабилност има западно од Велес и Градско, со правец на движење кон запад.
Се очекува постепено стабилизирање на атмосферата, така што во ноќните часови ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен северен ветер.
Ново на Сител
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
-

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци
-

Презентирана Стратегијата за развој на ЗОО Скопје: Фокус на едукација, заштита и хуман третман на животните
-

Седлоски нов селектор на македонската А-репрезентација
-

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство
-

МЗШВ: Европската комисија нема суспендирано средства од ИПАРД III програмата
-

Мицкоски: Владата не е против зголемување на минималната плата, но, тоа мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите
