Македонија
1. September 2016 - 14:46

Полицајци превентивно пред основните училишта во Кавадарци и Неготино

Полициски службеници од денеска ќе бидат поставени превентивно пред  основните училишта во Кавадарци и Неготино заради безбедно доаѓање на учениците во училиштата, нивно безбедно движење и преминување на улиците. За ова попладнево информираше Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

- Апелираме до сите учесници во сообраќајот за поголема толерантност кон пешаците, особено кон децата и почитување на поставената сигнализација. Апелираме да се почитуваат правилата за запирање и паркирање на автомобилите непосредно пред влезот на училиштето, бидејќи со тоа се доведува во опасност движењето на другите учесници во сообраќајот, особено на учениците-пешаци, соопшти Стојковска.