Општина Кисела Вода гради крак од атмосферска канализација на ул."Спиро Гулапчев"
Градоначалникот на општина Кисела Вода денес изврши увид во градежните активности на улицата “Спиро Гулапчев”.
На оваа локација започна изградба на крак од атмосферска канализација кој треба да го реши проблемот со прифаќање на атмосферските води во овој дел од градот.
Во должина од околу 300 метри се поставува систем од цевки со Ф300 и Ф200, кои согласно изведените хидраулични пресметки треба да ги задоволат потребите за одвод на дождовна вода.
Градежните работи треба да завршат до крајот на месец септември.
Општина Кисела Вода апелира до сите граѓани кои живеат на оваа улица или во близина, за нивно трпение и разбирање додека траат градежните зафати, бидејќи реализацијата на овој крупен проект, ќе значи решение на проблемот со атмосферските води, а со тоа и создавање на подобри и поквалитетни услови за живеење.
Ново на Сител
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
„Визер“: Укинати летови од Скопје кон Келн, Стокхолм и Копенхаген
-
Пукање во Чаир, оштетени возила и куќa
-
Македонското фудбалско дерби Пелистер - Вардар прв пат под рефлектори во Битола
-
Тен Хаг доби отказ во Манчестер јунајтед
-
УХМР: Следните два дена облачно, во среда слаб локален дожд
-
Светска метеоролошка организација: Стакленичките гасови лани достигнаа ново рекордно ниво
-
Австриски градоначалник убиен во напад, голема полициска акција за пронаоѓање на осомничениот