Во Скопје вчера 17 сообраќајки, едно загинато лице, пет повредени
Во текот на вчерашниот ден извршен е увид на вкупно 17 сообраќајни незгоди, во кои едно лице го загубило животот, а пет други се повредени.
Сообраќајката во која едно лице го загуби животот, соопшти за МИА СВР-Скопје, се случила во 23:15 минути на локалниот пат Скопје-Средно Водно во која учествувал мотоцикл марка „Сузуки 750“ со скопски регистарски таблици, управуван од граѓанин на Скопје, роден 1994 година, истиот со мотоциклот удрил во метални еластични браници.
По незгодата со возило на брза помош бил пренесен во Ургентен Центар при Комплекс Клиники Мајка Тереза каде му биле констатаирани тешки телесни повреди и по извесно време им подлегнал на повредите.
Се случила и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобил пешак.
Во три сообраќајки, со полесни повреди се здобиле пет лица.
Во текот на изминатиот ден по спроведените контроли од наша страна, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. Според СВР-Скопје санкционирани се 34 возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, тројца не ги почитувале светлосно сигналните уреди (семафори), а осум пешаци сториле прекршоци по разни основи.
Дваесет и четири возила биле непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 73 возила.
Денеска со почеток во 20:30 мин во спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на СЕХА лигата ќе се одигра маѓународен ракометен натпревар помеѓу Ракометниот Клуб Вардар и Мешков Брест од Белорусија.
Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, од наша страна ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата