Балкан
29. August 2016 - 16:24

Куртулмуш: Турција не е во војна

Турција не започнала војна преку својата офанзива во северниот дел на Сирија и не планира да биде постојана сила таму, изјави турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш.

Тој истакна дека „Турција не е окупациска земја и таа не е во војна“.

- Секоја од инволвираните страни, вклучувајќи ја и Владата во Дамаск, знае за операцијата на Турција. Русија ги информирала, ние сме сигурни во тоа, нагласи турскиот вицепремиер.