Четврта ротација на словачки полицајци во Македонија
Дваесет и пет припадници на полицијата на Словачка денеска ќе пристигнат во Македонија за да спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, информира Амбасадата на Република Словачка во Скопје.
Четвртата ротација на 25-те припадници на словачката полиција е врз основа на Меморандумот за разбирање помеѓу министерствата за внатрешни работи на Република Словачка и Република Македонија.
Словачките полицајци, како што се наведува во соопштението од Амбасадата, ќе спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница. Словачка полициска единица ќе биде повторно распоредена во областа на Дојранското езеро.
Полицајците ќе бидат соодветно опремени – со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полицициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување.
Република Словачка до сега испрати во земјата вкупно 100 полициски службеници што е најголем придонес по глава на жител од осумте странски држави кои учествуваат во заедничките операции во Република Македонија. Помошта е израз на солидарност во решавањето на мигрантската криза и во контекстот на актуелното (од 1-ви јули) словачкото претседателство во Советот на ЕУ, каде еден од приоритетите е „одржлива мигрантска и азилска политика”
Ново на Сител
-
Вкупниот промет во индустријата зголемен за 6 проценти во април на годишно ниво
-
Иран соопшти за најмалку 95 повредени во израелските напади во текот на ноќта
-
Израелски авиони извршија нов напад врз Иран
-
Јаневска и Сијарто потпишаа Меморандум со кој годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија
-
Не спречиле палење на пиротехниката, проширена истрагата на 13 полицајци за пожарот во дискотеката во Кочани
-
Официјален претставник на Хезболах: Ќе се држиме подалеку од израелско-иранскиот конфликт
-
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија
-
Трамп го предупредува Иран да се согласи на нуклеарен договор пред „уште побрутални“ напади