Свет
29. August 2016 - 8:13

Непотврдени информации: Пукотници на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес

Полицијата на меѓународниот аеродром на Лос Анџелес соопшти на Твитер дека проверува непотврдени информации за пукотници на аеродромот, соопшти Си-Ен-Ен.

Аеродромот се пребарува и се преземени мерки на претпазливост за да се осигура безбедноста на луѓето.

„Зачувајтеја  смиреноста", гласи еден од твитови.

На социјалните мрежи се појавиле снимки со луѓе кои бегајќи го напуштаат аеродромот, пренесоа американските медиуми.

Затворени се зоните за пристигнување и заминување на централниот терминал. Патниците се советуваат да се поврзат со својот авиопревозник за да проверат што се случува со нивните летови.

Информациите се пукотница се уште не може да бидат проверени и не е јасно дали е веродостојна.