-->
-->
Во Крива Паланка изложба „Пет години Џојфест“
-->

Вкупно 60 фотографии со највпечатливите моменти од досегашните пет изданија на рок-фестивалот „Џојфест“ се изложени во Градскиот музеј - Крива Паланка.
Од синоќа се поставени црно-бели и колор фотографии, како и документаристички моменти од бројните рок-состави и изведувачи кои изминатиов период настапиле на фестивалот.
- Од основањето на фетивалот во 2011 година ми беше доверена една голема задача, да правам фото-документација. Но, кога говориме за уметничката фотографија што овде може да се види, нејзиниот идеален приказ како одраз на еден момент зависи од повеќе елементи кои е исклучително тешко да се вклопат кога станува збор за настан кој е динамичен. Објектот на фотографирање е подвижен, а светлината постојано се менува. Од неколку стотини фотографии, селектирав околу 200 за, со секојдневна елиминација, стигнам до 60, изјави авторот, фотографот Ѓорги Костовски.
Иако сакал да селектира 50 фотографии за да биде во знакот на 5. јубилеен „Џојфест“, тоа, рече, не било возможно.
Изложбата е дел до манифестацијата „Топол културен бран 2016“, а ја организираат Општина Крива Паланка и културните институци од градот со поддршка на Министертсвото за култура.
Фотографиите и плакатите од сите досегашни фестивалски изданија ќе бидат достапни за јавноста во следните 15 дена.
По изложбата, на платото пред Градскиот музеј се одржа рок-сесија во изведба на бендовите од „Џојфест“, „СТОП“, „Машина“ и „Ребелс“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Захарова: Украина не исполнува ниту еден критериум за влез во ЕУ
-

УНИЦЕФ: Повеќе од 417 милиони деца живеат во сиромаштија, лишени од основните потреби
-

Русија соопшти дека ноќеска соборила 65 украински дронови
-

Јокиќ го забележа својот трет последователен трипл-дабл
-

Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Крушево, за викендот нови врнежи
-

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Трамп го потпиша законот за објавување на досиејата на Епштајн
-

Зеленски: Само Трамп и САД имаат моќ да стават крај на војната во Украина
