Во штипската касарна одбележан Денот на АРМ

Делегации од АРМ, општините од источниот регион, Сојузот на борци и на политичките партии денеска во касарната „Јане Сандански“ во Штип по повод Денот на АРМ, положија свежо цвеќе на спомен обележјето на петмината загинати бранители во конфликтот во 2001 година, кој се наоѓа во кругот на касарната.
На одбележувањето на Денот на армијата, неколкумина припадници добија повисоки чинови, и награди, а пред присутните се обрати потполковник Стојанче Тодоров, командант на касарната „Јане Сандански“.
Тодоров истакна дека во текот на изминатиот период припадницте на Втората механизирана пешадиска бригада учествуваа во бројни мировни мисии, а од оваа година продолжуваат со ангажирање во мисијата „Одлучна подршка“.
-Нашите единици и оваа година продолжуваат со сертифицирањето, согласно концептот за оперативни способности на НАТО во рамките на вежбата „Македонски блесок 11“, која ќе се реализира на армискиот полигон „Криволак“ и Центарот за обука „Пепелиште“, рече Тодоров.
Нагласи дека припадниците на АРМ учествуваа и во отстранување на штетите од поплавите во штипскиот, радовишкиот, кривопаланечкиот, кумановскиот, пелагонискиот и тетовскиот регион. Стратегиска определба на секој вработен во македонската армија е членство во структурите на евроатланските безбедносни организации.
Ново на Сител
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
-

НБА: Лејкерс закажа полуфиналната пресметка со Оклахома
-

Стармер: Повторното отворање на Ормуската Теснина нема да значи враќање во нормала
