-->
-->
Дневни Аваз: Албаници со војна се закануваат на Црна Гора
-->
Организацијата „Албанска народна армија“ се закани дека ќе дојде до војна меѓу Албанците и Црногорците доколку биде ратификуван договорт за демаркација со Црна Гора.
Оваа организација ги повика политичките партии во Црна Гора да го отфрлат договорот, бидејќи со неговото прифаќање ќе ја „преземат одговорноста за избувнувањето војна меѓу двата народа“.
Во прогласот на оваа организација, доставен до медиумите, се наведува дека пратениците од косовскиот Парламент ќе бидат сметани за предавници доколку на седницата на 1 септември гласаат за договорот за демаркација.
Од „Албанската народна армија“ наведуваат дека нивни членови ќе бидат распоредени на одредени места за да го следат развојот на ситуацијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба
-
СВР Тетово го расчисти случајот во кој беа нападнати двајца малолетници
-
Македонските фудбалери поразени од Саудиска Арабија
-
Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир
-
Русија протера естонски дипломат
-
Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани
-
Гаши за утре закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР
-
Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР