Во Неготино ќе се гради двоен тениски терен со тврда подлога
Во Неготино ќе се градат тениски терени со тврда подлога, информира денеска за МИА неготинскиот градоначалник Ванчо Апостолов.
Тој информира дека со директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, потпишале договор за изградбата на двоен тениски терен во Неготино. Со овој договор, појаснува, Агенцијата за млади и спорт врз основа на склучениот договор со изведувачот на градежните работи, се задолжува да инвестира во изградбата на еден ваков терен на улица „Ленинова“ во населбата „Саат-кула”.
Тој нагласува дека со истиот договор е утврден и начинот и условите за изградбата на тенискиот терен и неговото стопанисување, користење и тековно инвестициско одржување.
- Двојниот тениски терен ќе се гради веднаш над мултифункционалното игралиште во населбата “Саат-кула”, во непосредна близина на реконструираниот забавен парк, вели градоначалникот.
Ново на Сител
-
Ивановски и Поп-Арсова Рашиќ македонски претставници на СП во атлетика
-
Евробаскет 2025: Германија прв финалист
-
ЦУК: Под контрола пожарот во депонијата Дрисла, активни пожари во Кочани и Тетово
-
Трамп се закани со санкции кон Русија: Губам трпение со Путин
-
Уапсен Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк
-
Се заоструваат условите за работа на индустриските капацитети, изгласан Закон за контрола на емисиите
-
Приведени две лица од Куманово, при претрес пронајдени се 15 дронови и муниција
-
Јавните обвинители со апел до политичарите