-->
-->
Чешкиот Сенат гласаше за ограничување на вредноста на донациите за политичките партии
-->

Според планираните нови законски измени чешките политички партии во иднина ќе можат да добиваат донации од поединци и бизнисмени само до три милиони круни ( 111.000 евра), јави дописникот на МИА од Прага.
Овие измени веќе се изгласани од чешкиот Сенат и чекаат потпис од претседателот на државата Милош Земан.
Новите законски норми предвидуваат транспарентни банкарски сметки за придонесите од државниот буџет и приходите од донациите, додека партиите кредити можат да земаат само од регистрирани субјекти, односно банките.
Контролата ќе ја врши нов орган со седиште во градот Брно.
Во наредните месеци ќе се разгледуваат и измени за ограничување на трошоците за избори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Без победник на првите три натпревари од последната рунда во квалификациите за Лигата на шампионите
-

Блумберг“: САД ја проверуваат лојалноста на сојузниците во НАТО
-

Вкупно 37 пожари на отворено низ државата изминатото деноноќие, три се активни
-

Обединетите Арапски Емирати објавија дека сите трговски, економски и финансиски трансакции со Иран се суспендирани
-

Најмалку девет лица загинаа во пожар во хотел во Калкута
-

Сончево и топло со локална облачност, попладне во планинските региони можен дожд
-

Зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
