Родена е како најмало бебе на светот: Сите мислеле дека нема да преживее - еве како изгледа по 12 години!

Кенади Жордин Бромли има 12 години и е вистински борец. Дијагностицирано и е пореметување на џуџест раст, а прогнозите на докторите биле негативни и им рекле дека нема да преживее.
Кога се родила ова девојче било долго само 28 см а тешка 1 килограм и 100 грама.

Осум месеци по раѓањето докторите дале дијагноза, исконски џуџест раст, ретка болест која влијае на околу 100 луѓе во светот. Се одликува со џуџест раст, и се развива пред раѓањето, додека бебето е во стомакот на мајката.
Денес Кенади е висока 1 метар, а проблемите со нарушување на дишењето и јадењето се само некои од нус појавите на нејзината болест.

Нејзината мајка вели дека поради неа многупати била на тест на судбината гледајќи како детето и се бори.
Кенади не се откажала од училиштето, иако има одредени потешкотии при учењето таа продолжува.
Ново на Сител
-

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со адмирал Викоф, нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД
-

Заврши руско-белоруската воена вежба на нуклеарните сили
-

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во прва работна посета на Армијата и Министерството за одбрана
-

Минчев на средба со СИГМА: Транспарентноста и ефикасноста клучни за јавната администрација
-

Руте: Многу земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно средства за Украина
-

Божиновска: Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра
-

Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
