Концерт на гудачкиот квартет „Вива стрингс“ во Кочани
На Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“, а во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“ синоќа концерт одржа гудачкиот квартет „Вива стрингс“ од Скопје.
- За љубителите на популарни музички теми од светската музичка сцена се погрижи квартет „Вива стрингс“. Тоа е класичен камерен состав од две виолини, виола и виолончело. Неговите членови, Елена Талевска, Симон Поповски, Дубравка Зајкова и Дејан Теодосиевски се академски музичари, вработени и членови на оркестарот на Македонската филхармонија, изјави Аника Илијеска Ѓоргиева,од општина Кочани.
На концертот во Кочани беа изведени популарни музички теми од Мајкл Џексон, Мадона, Ерик Клептон, АББА, Елтон Џон, Стинг, Роби Вилијамс, Боб Марли и др. за кои композиции аранжманите се специјално изработени за „Вива Стрингс“.
Концертот е содржина од втората етапа на манифестацијата „Топол културен бран“ во Кочани, кој финансиски е подржан од Министерството за култура на Република Македонија и општина Кочани.
Ново на Сител
-
Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал
-
Денеска и утре нестабилно со пороен дожд
-
Почина 32-годишник, излетал од патот со автомобил
-
Општина Карпош демантира дека издала одобрение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“
-
ССМ: Синдикална минимална кошница за мај 60.090 денари
-
Уапсени седум педофили во Србија, во становите пронајден детски порнографски материјал
-
Русија ги обвини САД дека сакаат да распоредат оружје во вселената
-
ОЈО отвори истрага против врховниот судија Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Мемети