-->
-->
Нападнат полицаец: Битолчанец сакал да украде грчки автомобил
-->

Во СВР-Битола полициски службеник пријавил дека додека бил службено ангажиран за откривање на сторители на кривични дела – кражби во возило на ул. “Филип Втори Македонски“ го забележал Ј. П., 25 годишен-познат сторител на кривични дела како провалува во „Нисан Микра“ со грчка национална ознака.
Ј.П. насилно ја отворил предната лева врата на возилото, седнал на возачкото седиште и пребарувал низ возилото, по што полицискиот службеник се доближил до осомничениот, се лигитимирал и му наредил да излезе.
Ј.П. во тој момент од чантата која ја носел на појасот извадил нож, го отворил и со десната рака почнал да замавнува кон полицискиот службеник со намера да го лиши од живот, по што истиот ја турнал вратата од колата за да се одбрани, а Ј.П. продолжил да замавнува со ножот, при што го скршил внатрешниот ретровизор.
Полицискиот службеник повикал интервентна екипа на полицијата која дошла, му го одзела ножот на Ј.П. и го привела во СВР Битола.
Од страна на ОС-Битола на Ј.П му е одредена мерка „притвор“ во траење од 8 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Затвореник почина во Идризово
-
Вардар, Шкендија, Струга и Брера се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија
-
55-годишен маж паднал од објект во изградба и подоцна починал
-
Кривична за две лица од Кичево за „бесправно градење“ и „симнување и оштетување на службен печат или знак“
-
ЈП „Водовод“ Куманово пријави вработена за проневера на пари
-
Мачките благотворни за човековото здравје
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
ДКСК: 86 казни за актуелни и поранешни министри, пратеници и именувани лица