САД и Украина: Брзо смирување на тензиите со Русија

Американскиот заменик-претседател Џо Бајден и претседателот на Украина Петро Порошенко синоќа по телефон разговараа за брзо решавање на судирот со проруските сили во момент кога се засилени тензиите со Москва, сооопшти Белата куќа.
Бајден и Порошенко „изразија загриженост поради неодамнешното заострување на судирите во источна Украина, каде кршењето на примирјето од руските и проруските сили е на највисоко ниво од 2015 година, при што често се користи тешко оружје“.
- Двајцата соговорници ја повторија потребата за политичко и дипломатско решавање на судирите преку целосна примена на Договорот од Минск во што треба да учествуваат сите страни, се посочува во соопштението од Белата куќа.
Бајден навел дека американски претставници испратиле порака до Русија дека светот нављудува што се случува и ја потенцирал потребата за деескалација на ситуацијата.
Тој во исто време апелирал до Украина да биде воздржана.
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
