Порошенко не ја исклучува можноста да објави воена состојба во Украина

По „рекордната ноќ според бројот на вооружени инциденти" во Украина, претседателот Петро Порошенко најави дека е можно да прогласи воена состојба, пишува „Комерсант".
Порошенко „ќе биде принуден да објави воена состојба и мобилизация", ако ситуацијата во источна Украина и Крим се заостри, ја цитира весникот вчерашната изјава на шефот на државата. Според него, ноќта спроти 18 август била рекордна по бројот на пукотници на границата помеѓу Украина и сепаратистичките про-руски „народни републики“, Доњецката и Луганската (ДНР и ЛНР).
Олександр Мотузјаник од кабинетот на Порошенко информираше дека завчера вечер загинале тројца украински војници, а шестмина се ранети, додава весникот.
- Украинските вооружени сили се подготвени за отпор на која и да било основа. Веројатноста конфликтот да ескалира останува голема. Воопшто не исклучуваме руска инвазија од која било страна. Подготвени сме - нашите вооружени сили, за отпор на непријателот - и на исток и кон административната граница со Крим, анектиран од Русија во 2014 - истакна украинскиот претседател.
Раководството на ДНР ги демантира наводите за вооружени инциденти и соопшти дека ако Украина прогласи мобилизација, тие соодветно ќе одговорат, се вели понатаму во статијата.
„Претседателот на Украина вели дека Русија се подготвува да нападне во Украина. Нормално ли е ова?" - коментира московска „Росискаја газета" пренесувајќи ја реакцијата на руското Министерство за надворешни работи и „ реторичкото прашање" на портпаролката Марија Захарова.
- Всушност, ние и не сфаќаме за што говори г-н Порошенко и за каква општа инвазија станува збор. Впрочем, во принцип секогаш е тешко да се разбере за што тој говори. Тоа е - изјавила Захарова пред „РБК".
Ново на Сител
-

Влада: Македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош амбасадите
-

Бројот на жртви во ракетниот напад во Беит Шемеш се искачи на шест
-

Израел отфрла вина за нападот врз иранското основно училиште за девојчиња
-

Пуштена во употреба реконструираната обиколница кај Крива Паланка, ќе се реконструира и граничниот премин Деве Баир
-

Лидерот на Хезболах жали за „маченикот“ Хамнеи
-

МВР: Кривични пријави за 10 возачи поради возење без возачка дозвола
-

15-годишник силувал 17-годишно девојче откако претходно се договориле да се сретнат
-

Папата Лав XIV упати апел за запирање на спиралата на насилство во Иран
