Италијанската полиција заплени околу два тона марихуана од Албанија

Италијанската полиција заплени околу два тона марихуана и уапси петмина албански државјани.
Според полицијата, дрогата, чија вредност на пазарот достигнува од 16 до 18 милиони евра, била запленета на брегот на приморското градче Фанос, во гумен чамец што пристигнал од Албанија.
Ова е најголема количина марихуна запенета во овој регион на Италија.
Италијанските власти соопштија дека неколку од уапсените Албанци со години живееле во Италија, со регулиран престој, па дури имале и свои мали градежни фирми.
Дрогата била спакувана во пакетчиња, херметички затворени и на секое од нив стоело името на градот во Италија, (Верона,Болоња ...) каде требало да заврши.
Уапсените се дел од добро организирана нарко мрежа која подолг период делувала во оваа земја. При претресот, полицијата нашла и софистцирани апарати за да не може нивните телефони да се прислушуваат.
Истрагата продолжува во правец на откривање на нивните евентуални соработници во Албанија и во Италија.
Ново на Сител
-

Парламентарни избори во Словенија
-

Прекината наставата во училиштата во Израел, се преминува на онлајн настава
-

Неколку експлозии во Ерусалим по предупредувањето за ракети испукани од Иран
-

Иран му одговори на Трамп со најава за напад врз постројките за десалинизација во регионот
-

АХВ не дозволи влез на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
-

Трамп му се закани на Иран со напади врз електраните ако блокадата на Ормуската Теснина не се укине во рок од 48 часа
-

Владата на седница ќе донесе мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата
-

За околу 20 проценти зголемен бројот на корисници на интернет преку оптичка мрежа
