Свет
14. August 2016 - 17:58

Го фрлија од врв на зграда зошто бил хомосексуалец

Исламските фундаменталисти објавија застрашувачко видео од последните минути на еден човек, кој веднаш после судењето беше сурово фрлен од врв на зграда, само поради тоа што се изјаснил дека е хомосексуалец.

Според нивниот локален обичај, казната за хомосексуалците е тие да скокнат од највисоката зграда во градот.

Откако бил прогласен за виновен поради „перверзните мисли и хомосексуалните акти“, човекот бил осуден на смрт поради кршење на шеријатскиот закон во северниот дел на Ирак, во близина на Мосул, каде што се наоѓа едно од главните упоришта на џихадистите.

Локалното население се собрало да ја види реализацијата на смртната казна. Меѓу присутните имало деца, но не и жени.

Во продолжение погледнете го вознемирувачкото видео.