Сириските бунтовници презедоа контрола врз градот Манбиџ
Сириските опозициски сили, поддржани од САД, ја презедоа целосната контрола врз градот Манбиџ, во близина на турската граница, откако последните борци на Исламска држава го напуштија градот, изјави портпаролот на Сириските демократски сили, Шарфан Дарвиш.
Тој истакна дека бунтовниците сега го пребаруваат градот по заминувањето на последната група екстремисти, додавајќи дека се ослободени и повеќе од 2.000 цивили, кои биле чувани како заложници.
- Градот сега е целосно под наша контрола, но преземаме акции за негово чистење, објасни Дарвиш.
Сириските бунтовници нагласија дека не сакале да извршат напад од големи размери врз силите на ИД во градот поради цивилите, поради што бил и склучен договор да им биде дозволено на џихадистите слободно да го напуштат Манбиџ.
Според американски претставници, по завршувањето на операцијата за ослободување на Манбиџ ќе може да се започне акција за освојување на градот Рака, каде се очекуваат тешки борби.
Ново на Сител
-
Златен џебен часовник од „Титаник“ продаден за рекордни 1,2 милиони фунти
-
Пронајдено безживотно тело на 26 годишна девојка во куќа во Штип
-
Лазаров го објави списокот на ракометари за собирот пред средбите со Фарски Острови
-
Силва го напушта Челси на крајот од сезоната
-
Партиите и коалициите продолжуваат со промоција на своите политички понуди на терен
-
125 санкционирани возачи во Скопје
-
Најмалку тројца полицајци убиени во престрелка во Северна Каролина
-
На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај