Балкан
9. August 2016 - 8:50

Бегалци и мигранти во Солун одржаа протест со седење

Бегалци и мигранти организираа протест со седење во центарот на Солун, изразувајќи незадоволство од животните услови во кампот во западниот дел на вториот по големина грчки град, пишува весникот „Нафтемборики“.

Учесниците во протестот инсистираат на подобри услови на престој во бегалскиот камп.

Поради протестот сообраќајот во центарот на Солун бил блокиран час и половина.