Чествување 1100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски
Македонската академија на науките и уметностите вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид организира свечена академија со која ќе одбележи 1100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски.
Свечената академија, насловена „Корените на словенската цивилизација“, требаше да се одржи вчеравечер но беше одложена за денеска поради трагичниот настан предизвикан од невремето во главниот град.
На свеченоста вечер ќе настапи Камерниот хор „Херувими“ од Скопје, кој ќе исполни црковни дела од словенско-византиската традиција.
Во големата сала на Центарот за култура од 13 часот концерт ќе одржи Македонската филхармонија, насловен „Песни од срцата“, кој исто така беше презакажан. Концертот ќе го води диригентот Борјан Цанев, а ќе настапат оперските уметници Ана и Игор Дурловски. „Песни од срцата“ содржи обработки на македонски духовни и народни песни од композиторот Сони Петровски.
Во црквата „Света Софија“ во Охрид, пак, во рамки на чествувањето денеска напладне ќе биде отворена изложба на копии на фрески насловена „Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност на Македонија и на соседните земји“.
Во одбележувањето 1100 години од упокојувањето на светителот и еден од петтемина најпознати ученици на сесловенските просветители Кирил и Методиј, се придружува и Факултетот за туризам и угостителство-Охрид кој ќе организира работилница за изработка на мозаици.
Работилницата на која ќе учествуваат студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, ќе ја раководи стручен тим од Институтот за старословенска култура од Прилеп, под менторство на академик Газанфер Бајрам.
Мозаикот посветен на големиот јубилеј ќе биде поставен пред споменикот на патронот, во Ректоратот на Битолскиот универзитет.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во процесот на проширување на ЕУ
-
Колагенот важен против опасноста од рак
-
Србија: Ректорскиот колегиум го одби повикот на Вучиќ за дијалог
-
Уапсена 41-годишна жена од Битола поради кражба
-
Ја заклучил и тепал поранешната партнерка, си ги пресекла вените да се спаси а тој продолжил да ја тепа
-
Почина новинарот и публицист Теофил Панчиќ
-
Стабилно време со студени утра и во наредните денови
-
„Нашите планови ги срушија за миг“, емотивен текст на момчето на Фросина