Црвениот крст на терен, апелира да се следат инструкциите за донации
Црвениот крст на Република Македонија соопшти дека нивни тимови во изминатите 48 часа се вклучени во помош, поддршка и евакуација на жителите. Тие дистрибуирале 3.500 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 45 тони вода, 90 душеци, 156 ќебиња, 130 килограми облека. Екипите на Црвениот крст укажале и 17 асистенции по прва помош.
Во целата операција се вклучени 60 лица (волонтери и стручна служба на Црвениот крст), седум мобилни тимови за прва медицинска помош и активиран е целокупниот логистички потенцијал на Црвениот крст на РМ.
Согласно информациите добиени од терен, Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми и кофи.
Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, Скопје од 8 до 18 часот (телефон за контакт: 3 096 227), а трите пунктови на Црвениот крст на терен служат за дистрибуција на хуманитарна помош.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:
- жиро-сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка.
Досега се собрани 3.217.000 денари на сметката на Фондот на солидарност.
- донирање 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143-400
Досега се собрани 5.386.000 денари со повик на телефоните.
Донација на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
- Уште еднаш, апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа, наведува Црвениот крст на РМ.
Ново на Сител
-
Осомничениот за нападот во Магдебург дејствувал сам, соопшти полицијата
-
Рама: Тик Ток повеќе нема да постои во Република Албанија
-
Пентагон соопшти дека е убиен еден од лидерите на „Исламска држава“
-
Божиќна порака на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов
-
Претреси во Тетово и тетовско, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника | ФОТО
-
Анкета на МКД.мк - убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски
-
Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата
-
„ЕУ Обсервер“: Одложувањето на проширувањето на ЕУ ја зголемува економската нееднаквост на Балканот