Во Велика Британија отворена истрага за корупција против компанијата „Ербас“

Британското Биро за тежок криминал (СФО) покрена истрага за „измама, поткуп и корупција“ против компанијата за производство на патнички авиони „Ербас“.
Компанијата е осомничена за постоењето нерегуларности околу исплатите што се прават за посредниците од трети страни.
Компанијата чие седиште се наоѓа во Франција соопшти дека целосно соработува со истрагата.
Во април годинава, британските власти го запреа кредитното барање на „Ербас“.
Британското СФО, сега, ги испитува документите на компанијата околу начинот на кој се користат странските агенти за продажба на авионите на светскиот пазар.
„Ербас“ користи државни кредити за поддршка на извозот на компанијата, често пати со давање зајмови на странските купувачи.
Според податоците на компанијата, во текот на минатата година „Ербас“ има употребено извозни кредити за шест отсто од направените продажни зделки.
Главнината на авионите „Ербас“ и главните делови за леталата на компанијата се изработуваат во три европски земји- Франција, Германија и Велика Британија.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Ласкарци - три лица се повредени
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на урагант „Лала“
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
