Комунална експанзија во Општина Зрновци

Во рамки на прекуграничната соработка и искористувањето средствата од ИПА програмата и Бирото за рaмномерен развој, Општина Зрновци почна неколку проекти за решавање повеќе комунални проблеми во населените места Зрновци, Мородвис и Видовиште.
- Преку Бирото за рамномерен развој општината доби три милиони денари за изградба на полски патишта меѓу Мородвис и Видовиште, со што ќе им се олесни пристапот на земјоделците до нивните површини, исткана градоначалникот Блаже Станков.
Во завршна фаза, додаде, е и изградбата на фекалната канализација во село Мородвис, која се гради со 7,5 милиони денари од Министарството за транспорт и врски. Канализацијата е во должина од 4,5 километри, изведувач на работите е компанијата „Изгрев“ од Велес и со неа се опфатени 97 отсто од населението во Мородвис.
Станков нагласи дека е подготвената студија за искористување на алтернатините извори на енергија: сончевата, ветерот и водата, работена со општината Белица од Република Бугарија, во рамки на прекуграничната соработка. Студијата е готова и им овозможува на жителите на општината и на потенцијалните инвеститори да ги корситат местата посочени како алтернативни извори на енергија.
- Од студијата очекуваме многу бидејќи со заедничка работа на нашите пријатели од општина Белица успеавме да добиеме значаен документ кој ке влијае на развојот на општината на еколошки и енергетски план, рече градоначалникот.
Ново на Сител
-

Приведени две лица поради нелегална сеча на дрва
-

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок
-

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник
-

Демонстрантите во Тирана се судрија со полицијата - оштетени јавни објекти и инфраструктура
-

Трамп го укина пакетот санкции против Русија содржани во „Законот на Линдзи Греам“
-

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп - Атлантскиот или Тихиот Океан да бидат преименувани во „Океан Трамп“
-

Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ќе ги соопшти деталите за трите нови светски рекорди на Матка
-

Лидерите на ЕУ го завршија самитот во Брисел без договор за буџетот на Унијата
