Марија од Гевгелија стана првата дама милионер

По петмина добитници на Милионер Џек Пот добивките, конечно ја имаме и правата дама. Најновиот добитник на Милионер Џек Пот е Марија П. од Гевгелија, информираат од Државната лотарија.
Таа во Астра Електроник во Гевгелија го слушна звучниот сигнал кој означува Милионер Џек Пот добивка. Марија на 27.07.2016 забавувајќи се на видеолотариските терминали на ДВЛМ, освои добивка вредна 1.246.641,00 денари.
-Во присуство на претставници на медиумите, првиот човек на Државна Видеолотарија и НОВОЛОТОЛО водителката Марјана Станојковска во Арт Картинг центарот, го доделија Милионер Џек Пот чекот кој гласи на истиот износ како и добивката 1. 246.641,00 денари. На средбата присуствуваа и младите хемичари кои ДВЛМ ги поддржа да учествуваат на олимписките натпреварувања во Тбилиси. Добивките ЏЕК ПОТ, Државна видеолотарија на РМ ги стартуваше на 01 јуни. Марија е шестиот среќен добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.500.000,00 денари, информираат од Лотарија.
Ново на Сител
-

Израелскиот Национален совет за безбедност повика на зголемена будност во странство
-

Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела
-

Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри
-

Најстудено утрово во скопски Петровец и Берово -6 степени
-

Запленета брендирана стока и разновиден алат, две лица приведени | ФОТО
-

СДСМ утре ќе го бира новото раководство
