Реконструкција на владата во Јапонија
Jaпонскиот премиер Шинѕо Абе денеска смени неколку министри во неговата Влада, вклучитено и оние за одбрана и економија, јавија јапонските медиуми.
За нов министер за одбрана е назначена адвокатката Томоми Инада (57). Досега таа беше претседател на Политичкиот совет на владејачката Либерално демократска партија. На својата нова функција таа ќе го замени Ген Накатани. Томоми Инада е втората жена, која е поставена на чело на Министерството за одбрана по Јурико Коике.
Инада е позната по своите крајно конзервативни убедувања. Во претходниот состав на Владата таа беше министер за административна реформа.
Владината реконструкција уследи само еден ден откако јапонската Влада ја објави својата „Бела книга“ за постапките на Кина, односно за, како што е наведено, „територијалните претензии на Пекинг“. Инада ја очекува и справувањето со ситуацијата околу севернокорејските ракети.
За министер за економија, трговија и индустрија е назначен Хирошиге Секо, кој досега беше заменик главен секретар на министерскиот совет.
Разрешени се и првите луѓе на министерствата за правда, обнова и неколку други второстепени ресори. 3асега, не се познати имињата на новите министри.
Потпретседателот на Владата и министер за финансии Таро Асо останува на функцијата, како и неколку други министри. Прв дипломат и натаму останува Фумио Кишида.
Ново на Сител
-
Академски пленум: Професорите ќе поднесат петиција за вонредни избори, Вучиќ и Мацут поканети лично да ја примат
-
Владата на САД го одзема правото на Харвард да запишува странски студенти
-
Трипуновски: Новиот Закон за земјоделство и рурален развој на ЕНЕР, акредитацијата на ИПАРД 3 не е загрозена
-
Мексико се уште преговара со Трамп за царините
-
Холандската централна банка до граѓаните: Секое домаќинство да има кеш - 70 евра по возрасен и по 30 евра по дете
-
Лишен од слобода возач во Штип, управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова во телефонски разговор со Зеленски изразила поддршка на напорите за крај на војната
-
Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто