-->
-->
Тајфунот Нида го погоди Хонгконг
-->
Тихоокеанскиот тајфун Нида го погоди Хонгконг и речиси го парализира животот во градот, јави ТАСС.
Поради тајфунот беа откажани стотици летови, затворени се повеќето трговски објекти, државни институции и канцеларии, како и берзата. Над 150 летови беа откажани вчера со наближувањето на тајфунот, а за денеска се предвидени само 325 летови.
Ветровите со брзина од 158 километри на час, придружени од поројни дождови го погодија синоќа градот.
Локалната опсерваторија прогласи осми степен на опасност на скалата од десет степени.
Засега нема информации за евентуални жртви, но властите предупредија за опасност од поплави и свлечишта во некои региони поради поројните дождови.
Тајфунот синоќа го погоди и континеталниот дел на Кина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло