Балкан
1. August 2016 - 21:02

Голема семејна трагедија: Го убил својот единствен син по расправија за имот

59 годишниот Велимир Џуровиќ после жестока караница, синоќа го убил својот 31 годишен син Рака Џуровиќ со куршум од ловечка пушка.

Семејната трагедија, која се случи околу 19:30 во населбата Глуха во Вирпазар и претходеле повеќегодишни семејни несогласување помеѓу татко и синот, околу имотот.

Според неофицијалните информации, двајцата актери во моментот на трагедија биле под дејство на алкохол, а проблемите почнале прво во куќата каде таткото и синот по кој знае кој пат вербало се скарале, за на крај да заврши трагично со пукање од ловечка пушка во градите на несреќниот маж, кој починал на пат кон Клиничкиот центар во Подгорица.

Целата сцена се одиграла пред очите на домашните, кои не ни претпоставувале дека едно од вообичаените несогласувања меѓу таткото и синот ќе заврши кобно. Според неофицијални сознанија, несогласувањата меѓу нив двајца биле се поголеми во последно време, а неколку пати морала да интервенира и полицијата.

По налог на дежурниот обвинител од Подгорица, увид на лице место направила полицијата, која го уапсила Велимир Џуровиќ. Од сведоците кои присуствувале на оваа трагедија земени се изјави, а пушката од која е пукано е земена на вештачење. Несреќниот Рака бил единствен син на убиецот.