Јункер: Постои голем ризик од неуспех на договорот меѓу ЕУ и Турција за бегалците
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека постои голем ризик од неуспех на договорот меѓу ЕУ и Турција за спречување на бегалскиот бран кон Западна Европа.
- Опасноста е голема. Успехот на договорот досега е слаб. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган веќе неколку пати истакна дека би сакал да го преразгледа, истакна Јункер.
Според него, доколку се случи тоа „може да се очекува мигрантите повторно да тргнат кон Европа“.
Оспоруваниот договор, кој е склучен во март меѓу Турција и ЕУ, успеа да го ограничи приливот на мигранти, но неуспешниот обид за воен удар на 15 јули против Ердоган ја враќа опасноста дека тоа ќе биде ставено на преразгледување.
Чистката, која е спроведена по пучот во Турција, доведе до апсење на илјадници војници, полицајци и судии. Истовремено, стотици луѓе беа отпуштени од работа во државната администрација.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња