И денешниот ден меѓу еден од „деновите на апокалипасата“
Апокалиптичните предвидувачи барем неколку пати годишно највуваат „крај на светот“.
За некои од нив, еден од „тие денови“ е и денешниов - 29 јули 2016 година.
Но, не морате премногу да се грижите, затоа што веројатноста да се случи нешто такво е еднаква како и при сите претходни најавени „денови на апокалписата“.
За оние пак, што можеби сепак стравуваат дека „судниот ден“ е токму денеска, интернет станицата „End Time Prophecies“ им нуди „можност за спас“.
Авторите на страницата тврдат дека за спас е доволно да се види Јутјуб видеото во кое се најавува „враќањето на Исус Христос, додека истовремено земјината магнетна оска ќе се помести и на Планетата ќе настане глаобален земјотрес“.
- Сонцето ќе стане црно, а Месечината целосно ќе се преврти. По земјата ќе паѓаат ѕвезди, ќе се помести секоја планина и остров и ќе се создаде вакуум кој ќе ја исцеди целата атмосфера на Земјата, вели пророштвото за „денешната апокалипса“.
Во целиот случај останува нејасно како ќе се спасат оние кои ќе го гледаат видеото, ако вакуммот „ја исцеди атмосферата на Земјата“.
Но, оваа интерент странца досега „не се прослави“ со своите апокалиптични превидување. Така според нив, на 6 мај Земјата требаше да ја удри астероид, а минаиот месец американскиот претседател Барак Обама требаше „на светот да му обзнани дека е антихрист“.
Ново на Сител
-
Турски државјанин пронајден мртов во Скопје
-
MВР: Пронајдена метална кутија со 151 куршум
-
Стојановска и Биковски избрани за Републичко обвинителство, во ОЈОГОКК ќе се придружат Хаџи Василева и Азизи
-
Собранието донесе неколку закони и потребата за донесување на закони по скратена постапка
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Мицкоски на средба со претседателот на Австрија
-
До Нова година мониторинг, а потоа строги казни за оние што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики
-
Просечната нето-плата во август 41 097 денари